Шпанија стигна до својата четврта титула европски првак. Таа во финалниот меч против Франција победи со 88:76, беше подобриот противник, најконстантна на овој Евробаскет и целосно ја заслужи титулата.
Шпанија е целосно заслужено на врвот на Европа. Само еден пораз од стартот на првенството, во групата против Белгија предводена од хрватскиот стручњак Дарио Ѓерѓа, на сите останати натпревари беше подобар противник и заслужено е шампион.
Шпанија можеше да состави посилна репрезентација по имиа, некои играчи сигурно ќе беа таму да немаше повреди, но и без нив успеаја да победат благодарение на одличната работа на Серхио Скариоло, кој брилијантно ја подготви оваа група играчи. .
Многу се зборуваше за натурализирањето на Лоренцо Браун, објаснување побара и капитенот Руди Фернандез, но Шпанците решија се зад затворени врати и дојдоа максимално подготвени и хомогенизирани во ова натпреварување.
Во финалето против Франција, Шпанија беше подобра и заслужено славеше. Во еден момент Франција ја намали негативата на само минус три, но не и требаше многу време на Шпанија повторно да се одлепи.
Французите имаа многу среќа во полуфиналето и четвртфиналето и не знаат ни сами како избегнаа пораз таму, но овојпат немаше неизвесна завршница.
Клучно беше првото полувреме. Таму Шпанија рано се одлепи, Франција поведе со 1:0 и тоа им беше единственото водство на натпреварот. После тоа, таа никогаш не успеа ни да се доближи.
Веќе во првиот дел Шпанија стигна до двоцифрена разлика, а во втората четвртина беше 47:26, огромни плус 21.
Таму Франција даде знаци на живот со серија од 16:0 која се прошири до почетокот на вториот дел, но повторно Шпанија отиде на двоцифрена разлика и во последните десет минути рутински стигна до победата.
Прво име на натпреварот беше Хуанчо Ернангомез со 27 поени и 7/9 тројки, а МВП на Евробаскетот е Вили Ернангомез, кој во финалето постигна 14 поени и осум скока.
За Франција, Еван Фурние постигна 23 поени, а Томас Ертел постигна 16 поени со седум асистенции.
Европско првенство, финале:
Шпанија – Франција 88:76