Кошаркарите на Баерн Минхен ја победија Барселона со 59:52 во четвртиот натпревар од плејофот во Евролигата.
Не многу атрактивен кошаркарски натпревар беше забележан во „Ауди Арената“ во Минхен, каде кошаркарите на Баерн израмнија на 2-2 во серија.
Тоа значи дека ќе се игра мајсторка во Барселона и дека името на новиот патник на Ф4 во Белград ќе го дознаеме по таа петта средба.
Натпреварот го одбележаа многу мал број поени, но и цврсти одбрани на двете страни, а уште од првата четвртина беше кристално јасно како ќе се одвива играта до крајот.
Долго време беше 9:8 на семафорот по поените на Владимир Лучиќ, но потоа темпото се засили и Баерн го доби првиот дел со резултат 18:12, а на полувремето избраниците на Андреа Тринкиери водеа со 36:25.
Тринкиери беше свесен што го чека неговиот тим во продолжение, па Шарунас Јасикевичиус го немаше вистинскиот одговор на играта на Баерн, а неговиот тим во тој дел од натпреварот постигна само 9 поени.
Падна концентрацијата кај Баерн во финишот, кој лесно и дозволи на Барса да се приближи до 59:52 , од 58:40. Имаше серија грешки, евтини фаули, промашувања и загубени топки, а се разигра Јокубаитис, кој имаше неколку украдени и погодени тројки.
Ник Вајлер Баб со 12 поени беше најефикасен, Хантер имаше 9, а Лучиќ 8, додека Јарамаз постигна 6 поени кај Баерн.
Од друга страна, Абринес имаше 12 поени, Јокубаитис 8, а Миротиќ 7 за Барселона.