Смит без влакна на јазикот посочи дека сите ѕвезди имаат милионски договори, но никој не се труди да направи нешто за афромаериканската заедница, да помогне, туку сѐ трошат за својот луксуз.
„Еднаш седевме со Пол Џорџ, Демар Дерозан, Расел Вестбрук… Сите тие се од Лос Анџелес. И сите тие имаат договори од 200 милиони, 180 милиони, 150 милиони… И пазете, никој нема своја теретана? Зашто сите мора да одиме на УКЛА (Универзитетот во ЛА – н.з.) за да ја користиме теретаната? Сите се од иста заедница, сакаат да бидат пример во заедницата, а никој ништо не презема. Сите заработува(в)ме големи милиони и која банка би нѐ одбила за големи проекти, да направиме теретани, рекреациски центри, да почнеме нешто? Џабе парите, кога немаме начин на размислување. Попрво ќе фрлиме 60.000 долари во стриптиз клуб, отколку да дадеме за сиромашни и гладни, да нахраниме 2.500 луѓе во соседството“, вели Смит.
Тој самиот се става во истиот кош, зашто го поминал периодот на себичност и на крајот признава дека е неисполнет.
„Не сум јас поинаков од другите. Не можам да бидам лицемер, зашто трошев пари на сѐ и сешто, бесцелно се пијанчев. Тоа е себично, трошев на брендирана облека, јакни, ташни. Размислував дека така треба, зашто ветераните добивале ова или она… И на крај – зашто? Кого требаше да импресионирам? Дури се чувствувам неисполнето. Мислев дека имам сѐ, а немав ништо, чуствував дека нешто ми недостига. И ме фати тешка депресија, зашто не можев да сфатам што се случува. Потоа родителите ми ја всадија желбата да им помагам на луѓето, на заедницата, на својот народ, на сите како мене“, додава тој.