Реал Мадрид е подготвен да отвори нова „војна“ со Барселона со обидот да го „украде“ суперталентираниот Гави. Тренерот Чави Хернандез му верува на младиот талентиран фудбалер Гави кој најчесто е дел од стартниот состав, но клубот се уште ја нема обезбедено неговата иднина.

Гави има договор до јуни 2023 година, а преговорите за продолжување на соработката засега не даваат резултат.

Неговиот агент Иван де ла Пења, е отворен за преговори и со Реал Мадрид. Гави претходно ги одби „кралевите“ и реши да заигра за Барселона, меѓутоа тоа може да се промени кога ќе заврши неговиот договор.