Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг првпат играа заедно, но во меч по продолжение Далас загуби на гостување кај Сакраменто со 128-133.

Лука Дончиќ се врати по повредата и првпат настапи заедно со неговиот нов соиграч, Кајри Ирвинг, но за жал нивното деби како тандем не беше успешно, загубија од Сакраменто.

Фокс беше одличен, постигна 36 поени и даде најголем придонес за Сакраменто во победата, Ирвинг со 28 поени беше најефикасен во составот на Далас, Дончиќ постигна еден поен помалку од него.

 

Никола Јокиќ запиша нов трипл-дабл дваесетти сезонава, постигна 30 поени, имаше 16 скокови и 10 асистенции, беше најдобар на теренот. Денвер победи на гости кај Шарлот со 119-105.

 

Резултати:
Бруклин – Филаделфија 98-101, Шарлот – Денвер 105-119, Орландо – Мајами 103-107, Вашингтон – Индијана 127-113, Атланта – Сан Антонио 125-106, Њујорк – Јута 126-120, Кливленд – Чикаго 97-89, Голден стејт – ЛА Лејкерс 103-109, Сакраменто – Далас 133-128