Импресивен настап имаше Александар Волкановски но не беше доволен за победа. Во борбата со Ислам Махачев прикажа битка за која долго ќе се зборува. Двајцата се бореа за титулата шампион во лесна категорија на УФЦ 284. Волкановски според многумина беше голем аутсајдер, но се покажа дека истите грешат. Македонецот пружи фантастична борба против Ислам Махачев. На крајот Дагестанецот победи со едногласна одлука на судиите, после пет фантаични рунди на УФЦ 284 во Перт ја одбрани титулата.

 

“По овој пораз и овој тест јас сум подобар борец од претходно. Сега ќе се вратам на обврските во перолесна категорија, а потоа повторно ќе дојдам во лесна дивизија за уште еден предизвик“, рече Волкановски по мечот.