Нoвозеландската репрезентативка Зои Садовски-Синот освои златен медал на Зимските олимписки игри во Пекинг, во сноуборд, во дисциплината слоуп-стајл. Така младата 20-годишна Садовски-Синот го донесе на својата земја првиот златен медал во историјата на Зимските игри. Новозеланѓанката одлично се снајде во последната рунда од натпреварувањето (92,88 поени), со што Американката Џулија Марино ја симна од првото место. Бронзениот медал го освои Австралијката Тес Коади.
„Она што се случи е нереално. Исклучително сум горда а верувам дека и сите мои Новозеланѓани се горди на мене. Се надевам дека сега ќе се слави овој златен медал. Дадов се од себе во последното возење, отидов на се и за среќа земав се“, изјави таа по севкупната победа на Садовски-Синот.