Горјан Славески, кој десетина години настапува во САД, е нов светски шампион во велтер категорија во борби со голи раце во верзијата БКФЦ, откако ноќеска го совлада Американецот Џејк Линдзи во спектакуларен меч во Мајами.
Тоа беше дуел на двајца одлични борци, кои дотогаш немаа пораз во ова натпреварување. Ниту еден од нив не успеа да ја реши пресметката пред последниот удар на гонгот, по што победникот го решија судиите. Тие немаа никакви дилеми и победата му ја доделија на Македонецот, и тоа двајца од нив бодуваа со 49-46, а еден со 48-47.
За скопјанецот Славески ова е беше шеста победа во шестиот меч во БКФЦ серијата, како најава на уште поголема доминација во борбите со голи раце, кои се во сѐ поголема експанзија во САД.