Надал призна дека примал инјекции кои му ги умртвиле нервите во стапалото за да не чувствува болка, а Мартен во интервју за „Л’Екип“ кажа дека такво нешто во велосипедизмот не е возможно.
„Тоа што го направи Надал е невозможно за велосипедистот. Ако сме повредени или болни, не може да трчаме, возиме велосипед и слично. Тоа е нормално, најпрво поради здравјето на спортистот. Друга причина е тоа што лековите може да влијаат на настапот на спортистот, односно да му ја подобрат играта, а поради тоа мислам дека ова било на граница. Ако некој од нас направеше нешто слично, дури и да не е забрането, веднаш ќе беше обвинет за допинг“, вели Мартен.