Германската тенисерка Татјана Мариа се пласираше во полуфиналето на третиот Грен слем во сезоната на Вимблдон, откако во четвртфиналето ја совлада сонародничката Жил Нимаер со 4:6, 6:2, 7:5.
Искуството ја победи младоста во четвртфиналето на Вимблдон, откако 34-годишната Марија славеше против 22-годишната Нимаер.
За 103. тенисерка во светот и мајка на две девојчиња тоа е прво полуфинале на Грен слем турнир. Досега најголем успех и беше третото коло на Вимблдон во 2015 година.
„Се наежив, сон е да го доживеам ова со моето семејство, со моите две мали девојчиња. Се породив пред неполна година… Лудо е“, прокоментира Мариа.
Откако го загуби првиот сет, таа се врати во вториот по брејк заостанување, но успеа да го сврти резултатот и да оствари голема победа.
Таа во четврток за пласман во финалето ќе се соочи со Тунижанката Онс Џабеур или Чехинката Марија Бузкова.