Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски го заврши својот настап на Челинџерот во Јокаичи уште во првото коло, доживеа пораз во три сета после голема борба.
Подобар од него, беше Италијанецот, Џовани Фонио со 2-1 (6-4, 6-7, 6-7) по 160 минути игра. Ивановски лесно го доби првиот сет, за само 36 минути, а потоа се водеше тешка борба во следните два сета кои траеја повеќе од два часа.
Во двата, Фонио беше подобар во тајбрејк откако претходно Ивановски пропушти шанса рано да го реши прашањето околу победникот. Во вториот сет нашиот тенисер водеше со 3-1, но му дозволи на противникот да освои четири гема по ред. На 3-5 го спаси сетот на сервис на Фонио, но потклекна во тај-брејкот. Во третиот сет беше пред пораз бидејќи го загуби 11. гем на свој сервис, но веднаш возврати и израмни на 6-6. Во тај-брејкот, Фонио ја имаше иницијативата, три пати освои сервис на Ивановски и дојде до триумфот.