Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласира во финале на Вимблдон, откако триумфираше против Италијанецот Јаник Синер со 3-0 во сетови, а притоа постави нов рекорд.
Ѓоковиќ го избори своето 35. гренслем-финале во кариерата и така ја надмина легендарната Крис Еверт, која во кариерата одигра 34 финалиња на најголемите турнири.
Србинот за титула ќе се бори против подобриот од дуелот меѓу Карлос Алкараз и Данил Медведев.
https://twitter.com/Wimbledon/status/1679878775499116544?s=20