Новак Ѓоковиќ во недела ќе игра финале против Ник Кирјиос по осми пат во кариерата на централниот терен на Вимблдон и таму ќе се обиде да ја освои седмата титула. Мечот за титулата го доби по полуфиналната победа против Британецот Камерон Нори со 2:6, 6:3, 6:2, 6:4 за два часа и 34 минути игра.
Во осминафиналето против холандскиот тенисер Тим ван Ријтовен, српскиот тенисер испи нешто од шишето. Пред да ја конзумира непознатата содржина, Ѓоковиќ покажал на шишето, веројатно на неговиот тим. Изгледаше како да се прашуваше дали треба да го конзумира баш во тој момент. Кога добил одобрение не го испил тоа што имало во него, туку го вдишал.
За ова беше прашан Ѓоковиќ по победата против Нори. „Волшебна напивка“, рече Ѓоковиќ и се насмеа. „Тоа е сè што можам да кажам. Тоа помага. Ќе дознаете наскоро, не можам да зборувам за тоа сега. Ќе дознаете наскоро“, додаде тој.