Нашата тенисерка Лина Ѓорческа се пласира во полуфинале на турнирот во Рим, откако денеска беше подобра од Сеоне Мендез со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-2 и 6-4.
Ѓорческа имаше добар почеток на натпреварот бидејќи веднаш направи брејк и поведе со 2-0, но потоа влезе во криза и Мендез со два брејка по ред го сврте мечот во своја корист, а сетот ѝ припадна со 6-3.
Се водеше голема битка на стартот на вториот сет, каде што Ѓорческа повторно поведе со 2-0, но набрзо Мендез израмни. Сепак, македонската тенисерка влезе во ритам и ја реши својата противничка со 6-2.
Ѓорческа имаше лош почеток на решавачкиот сет, зашто Мендез на двапати ѝ го одзема сервисот и водеше со 1-0, па 2-1, меѓутоа Ѓорческа се врати во игра и го искористи лошиот сервис на противничката за да го добие сетот со 6-4.