Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, со победа го стартуваше настапот на фјучерсот во Рим, откако лесно и убедливо ја совлада Швајцарката Леони Кунг (6-3, 6-1).
Македонката беше доминантна во секој сегмент од играта, не дозволи никакво изненадување во двата сета, и само за 69 минути ја мина првата пречка на турнирот што се игра за награден фонд од 75.000 долари.
Нејзина противничка во следната рунда ќе и биде подобрата од пресметката помеѓу Кристина Дину (Романија) и Миа Ристиќ (Србија).