Британскиот тенисер Камерон Нори се пласираше во финалето на Индијан Велс, каде ќе се сретне со Николоз Басијашвили.
Нори беше подобар од Григор Димитров во два сета (6: 2, 6: 4)
Нори силно влезе во овој натпревар и ги зеде првите двa сервиси на бугарскиот тенисер. Димитров успеа да врати еден, но тоа е се што успеавме да видиме од него во првиот сет.
Британецот отвори во вториот сет на ист начин, но овој пат му беше доволен само еден брејк за победа.
Нори игра одлично оваа сезона, од 71 -то место на почетокот на годината, дојде до прагот за влез во Топ 20. Со оваа победа, го постигна тоа.
Доколку слави во финалето, ќе има дури и шанса да се пласира на завршниот АТП турнир во Торино, кој ќе се одигра во ноември.
Неговиот противник во финалето исто така стигна без да загуби сет. На натпреварот против Тејлор Фриц, беше забележана нешто поголема драма откако првиот сет отиде во тај-брејк. Сепак, грузискиот тенисер на крилјата на освоениот прв сет, лесно стигна до вториот и победи по час и 43 минути игра.
Финалето е закажано за вечерва во 1 часот по полноќ .