Серена Вилијамс нема да настапи на Австралија Опен бидејќи се уште не е целосно подготвена за настап .
Американската тенисерка 40-годишната Серена Вилијамс, која има 23 грен слем титули, ќе го пропушти Австралија Опен по совет на нејзиниот лекарски тим, објавено е на интернет порталот на Австралија Опен.
“Иако тоа е тешка одлука, јас не сум физички подготвена да се натпреварувам. Врз основа на советите на мојот лекарски тим, решив да се повлечам од Австралија опен. Мелбурн е еден од моите омилени градови и уживав играјќи на Австралија Опен секоја година „Ќе ми недостигаат навивачите, но возбудена сум што ќе вратам и ќе играм на највисоко ниво“, изјави Серена Вилијамс, која освои седум титули на Австралија Опен, а последен пат славеше во 2017 година.
Таа има сезона одбележана со повреди и нема играно од првото коло на Вимблдон, кога ја повреди задната ложа.