Сojузниот суд донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ во случајот против министерот Хок. Да потсетиме, најдобриот светски тенисер пристигна во Австралија на првиот Грен слем сезонава со медицинско ослободување од вакцинација. Прво му беше одбиена визата, а потоа ја доби по жалбата на суд. После тоа, австралискиот министер за имиграција Алекс Хок му ја укина визата и двете страни повторно завршија на суд.
Со денешната судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот кој го освои рекордни девет пати. Тој ќе остане без шанса да го освои 21. Грен слем во кариерата и на тој начин да им побегне на Роџер Федерер и Рафаел Надал кои имаат и по 20 титули. Местото на Ѓоковиќ на ждрепката ќе го заземе петтиот тенисер во светот Андреј Рубљев и во првото коло ќе игра против сонародникот на Ѓоковиќ Миомир Кецмановиќ.
Следеа дополнителни истраги на австралиските власти поради некои нелогичности во потврдите што Ѓоковиќ ги приложил на визата. Германскиот Шпигел на тој начин откри дека датумите на приложените сертификати не се совпаѓаат, што предизвика сомнеж за нивната веродостојност. Од тимот на на Ѓоковиќ згрешиле, па во визата било наведено дека српскиот тенисер не отпатувал 14 дена пред да слета во Австралија, што не е точно.
Ѓоковиќ призна дека снимал интервју за француски Л’Екип, иако знаел дека е заразен. Тој негираше дека отишол да се фотографира и да се дружи со децата знаејќи дека е позитивен, иако од датумот е јасно дека можел да ги знае резултатите од тестот ден претходно.