Естонката Каја Канепи се пласираше во четвртфиналето на Австралија опен.
За речиси два и пол часа игра беше подобра од втората носителка Арина Сабаленка со 2:1.
Беше 5:7, 6:2, 7:6 во сетови.
Прашање е дали победи 115. тенисерка на светот или Сабаленка сама се победи. Белорускинката имаше 46 неизнудени грешки со дури 15 двојни сервис грешки.
Особено интересно беше во финишот. Канепи имаше брејк предност со резултат 4:3, но ја испушти по гем долг речиси 10 минути.
Но, го врати брејкот во наредниот, кога Сабаленка беше на сервис, но и таа можност ја пропушти. Ниту потоа не помина без возбудувања, па Канепи имаше четири меч топки, но ги прокоцка и и даде можност на противничката за брејк, која ја искористи.
По уште еден гем, во кој тенисерките беа сигурни во своите сервиси, натпреварот отиде во тај-брејк. Канепи дојде до предност од 5:2 и кога сите го видоа крајот Сабаленка се врати. Се стекна впечаток дека 36-годишната тенисерка не може да ја искористи предноста и дека го пропушта завршниот удар.
На крајот се покажа неточно, па Канепи ја искористи петтата меч топка .
Во следното коло ја очекува Ига Швјонтек која беше подобра од Романката Сорана Кирстеа.