Македонскиот репрезентативен лев бек Езџјан Алиоски ја запиша петтата асистенција за саудиски Ал Ахли, клучна за неговиот тим во победата со Ал Хазем со 1-0.

Алиоски извонредно асистираше од слободен удар на минута пред крајот на полувремето, а Ал Сомах со глава го матираше фенерџијата за триумф на Ал Ахли.