Македонија вечерва игра историски натпревар против Португалија, за пласман на Светското првенство.
Македонските навивачи се пред стадионот „Драгао“ во Порто, каде вечерва ќе ја бодрат Македонија против Португалија.
Македонската фаланга која се наоѓа во Порто брои околу 1.500 навивачи, кои се добро загреани за натпреварот.
Се веат македонски знамиња, се пејат македонски песни. Попладнево ечеше македонската химна, а сега најгласно се пее „Излези момче“…