Фудбалскиот сојуз на Украина преку своите официјални страни објави дека Тимошчук ќе биде санкциониран затоа што соработува со окупаторот. На бившиот играч ќе му бидат избришани сите трофеи и тренерската лиценца.
Многумина го критикуваа поради тоа што остана во Русија за да соработува со Зенит, па претходно го критикуваше и поранешниот колега од репрезентацијата Евгениј Левченко.
„Зошто го направи тоа? Ти си од Украина. Како можеш да седиш во Украина и да продолжиш да работиш за нив? Игравме заедно за иста репрезентација и гордо ја пеевме химната. Како ќе живееш со тоа?“, кажа Левченко.