Интересно е тоа што австралискиот селектор го внесе во игра 33-годишниот чувар на мрежата во 120-тата минута од натпреварот, специјално за пеналите. Тој успеа да одбрани во шестата серија откако пред секој удар на противниците прво танцуваше на гол-линијата.
Австралискиот голман за време на пенал-рулетот имаше уште еден генијален потег. Тој го фрлил на трибините шишето со вода на голманот на Перу зад голот на кое биле напишани совети каде шутираат Австралијците при изведувањето на пенали.
За Редмејн ова беше само трет настап во националниот тим во својата кариера. Тој не секогаш бил професонален голман, бидејќи во минатото имал голема желба да биде бариста. Очигледно правењето кафе не му одело најдобро, па се вратил на својата прва љубов – фудбалот.