Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е херој на Јувентус – во 91. минута го постигна победоносниот гол и ја реши Салернитана. Италијанскиот гигант Јувентус потешко од очекувањата ја совлада Салернитана со 2-1 во 19. коло од Серија А.
Салернитана постигна гол во 39. минута, откако Јувентус не беше убедлив во нападот, па на полувремето домаќините заминаа со предност од 1-0.
Јувентус го зголеми притисокот во вториот дел, а Салернитана остана со играч помалку и им помогна на „бјанконерите“ да израмнат преку Илинг Џуниор во 65. минута, додека пресвртот го обезбеди Влаховиќ во првата минута од судиското надополнување.
„Старата дама“ има 46 бодови и остана на два бода негатива зад лидерот Интер во Серија А.