Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа срамен пораз (7-0) од Англија на „Олд Трафорд“ во третиот натпревар од квалификациите за ЕВРО 2024. Дебакл кој го вклучи алармот и сериозно не загрижи, а можеби и бараше промени. Затоа што иако Англија е моќна, одамна не постигнала СЕДУМ ГОЛА.
Македонија беше тотално изгубена на теренот и немоќна.
Хари Кејн во 29.минута донесе водство и потоа само се нижеа головите во мрежата на нашиот Столе Димитриевски. Вториот беше дело на Букајо Сака кој постигна хет-трик. Во 39.минута со силен удар ја испрати топката под гредата. Маркус Рашфорд во 45.минута зголеми на 3-0 и најави дека не очекува тежок дебакл.
Букајо Сака на почетокот на второто полувреме за четири минути стигна до хет-трик, шестиот гол беше дело на Калвин Филипс, а серијата голови ја затвори Хари Кејн од пенал.