Јувентус го загуби вечното дерби од Интер со 0-1 на домашен терен и така направи чекор назад во битката за титулата во Серија А.
„Старата дама“ во второто полувреме промаши неколку добри шанси, а српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше жестоко критикуван поради симулирање.
Во една ситуација Данило Д’Амброзио се пожали на една судиска одлука и ги крена рацете, при што го удри Влаховиќ директно во лицето, но не беше намерно.
Фудбалерот на Интер се извини, но Влаховиќ падна на подот и почна да се жали на повреда за да извлече казна за противникот.