Легендата на Сан Антонио Спарс и Аргентина, Ману Џинобили ќе биде вклучен во Куќата на славните на кошарката во класата 2022. Тоа му успеа во првата година во која беше на гласачкото ливче, соопштија вчера од институцијата.
Аргентинецот во својата богата кариера беше четирикратен победник во НБА лигата со Спарси, олимписки победник и светски вицешампион со Аргентина.
Тој ќе биде прогласен за еден од кошаркарските „бесмртници“ на церемонијата во Спрингфилд во септември, а ќе му се придружат петкратниот ол-стар играч на НБА, Тим Харадавеј, двапати најдобрата кошаркарка на ВНБА, Свин Кеш и долгогодишниот тренер на НБА, Џорџ Карл и универзитетскиот тренер Боб Хагинс .
Во Куќата на славните беше примен и Радивоје Корач.
Покојната легенда на југословенската кошарка влегува во Домот со изборот на Меѓународниот комитет, кој по четврти пат во последните пет години за свој кандидат предложи играч од поранешна Југославија, по Дино Раѓа во 2018 година, Владо Дивац во 2019 година и Тони Кукоч во 2021 година.
Со репрезентацијата освои пет сребрени и еден бронзен медал од Европските првенства, Светските првенства и Олимписките игри од 1961 до 1968 година и беше прогласен за МВП на Евробаскетот во 1961 година.