Кошаркарската звезда на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари ги воодушеви навивачите откако на тренинг на екипата шутираше тројки и не промаши цели пет минути.

Видеото стана вирален хит затоа што Кари постигна дури 103 тројки по ред без да промаши ниту еден удар и така покажа зошто важи за еден од најдобрите шутери во историјата.