Лацио се спаси од пораз од Атлетико Мадрид во 95. минута на драматичен начин со гол постигнат од – голманот!
Во последните моменти од натпреварот, голманот на Лацио кој губеше, отиде во противничкиот шеснаесетник со надеж да помогне. Иван Проведел и тоа како беше ефективен, постигнувајќи гол со глава во 95. минута, користејќи го невниманието на одбраната на Атлетико.
Проведел стана првиот голман кој се запишал како стрелец во Лигата на шампионите по Венсан Ењеама во 2010 година.
Претходно, Атлетико водеше со голот на Бариос уште во 29. минута.
https://x.com/OptaPaolo/status/1704240253395943652?s=20