Фудбалерите на овосезонската сензација во Франција, екипата на Ница извојуваа важен триумф и славеа со 2-1 над Ремс во 15. коло од француската Лига 1. Сите три голови беа постигнати во второто полувреме, а домашните навивачи имаа многу причини за задоволство на крајот од дуелот.
Домашните поведоа преку Лаборде во 55. минута, но Ремс успеа потоа да израмни преку Абделхамид во 78. минута. Конечните 2-1 ги постави Бога само пет минути подоцна, a Ница стигна до деветтиот сезонски триумф и со 32 бода се искачи на високото второ место на табелата. Ремс продолжува со променливите игри и останува на 25 бода, доволни за седмото место во Лига 1.
Во следното коло Ница ќе гостува кај Ле Авр, додека Ремс ќе патува во Ленс и ќе има тешка задача против учесникот во Лигата на шампионите.