Пеп Гвардиола имаше многу низа кадровски проблеми, меѓу другото не можеше да смета ни на Ерлинг Халанд, но ситуацијата во второто полувреме ја спасија Бернанрдо Силва и Грилиш кои од 62. до 65. минута постигнаа по еден гол и се погрижија за пресврт и победа. Лутон го заврши првиот дел со предност од 1-0, благодарение на погодокот на Адебајо во судиското продолжение.
На другите два меча од Премиер лигата што се играа попладнево, Фулам го прегази градскиот ривал Вест Хем со 5-0, а Евертон славеше против Челси со 2-0. За „карамелите“, тоа беше трета победа во низа и четврта во последните пет кола со што се одлепи од зоната за испаѓање по казната од десет бода.
Евертон забележа голем триумф во битката за опстанок и му избега на Лутон, со домашна победа над Челзи (2-0). „Карамелите“ врзаа три важни победи, а оваа ја донесоа Дукуре во 54. минута и Добин во 92. минута од мечот на „Гудисон парк“.