Не се враќа во Барселона, нема нов договор со ПСЖ туку на повидок е преселба во САД и тоа во Интер Мајами на Флорида. Ете тоа денеска е топ – тема во светските медиуми.
Лео Меси бил во преговори со Дејвид Бекам, по завршувањето на договорот со ПСЖ, од следната сезона да игра за тимот од МЛС, за клубот каде и тој ќе добие дел од акциите, односно ќе стане еден од сопствениците како што тоа е Бекам.
Се разбира дека за ова ќе се знае по завршувањето на Мундијалот во Катар, но исто така не е невозможно, посебно ако Меси одлучи да биде дел од голема бизнис зделка во фудбалот, поточно во МЛС.