Италијанскиот првак Интер е заинтересиран да го доведе напаѓачот на Атлетико Мадрид, Луис Суарез. Тој речиси сигурно ќе го напушти шпанскиот тим на крајот од тековната сезона, а најверојатно ќе има нов обид да се пресели во Италија.
Првиот му пропадна откако не можеше да положи италијански јазик и да добие дозвола за трансфер во Јувентус.
Суарез не сака да го продолжи договорот кој му истекува на крајот од сезоната, а за него се интересира и англискиот премиерлигаш Астон Вила.
Уругвајскиот интернационалец досега за Атлетико Мадрид постигна 32 гола на 73 натпревари.