Јувентус има намера на лето да го врати Пол Погба и му подготвува понуда, одличен договор на францускиот интернационалец. Договорот на 28-годишниот играч за врска со Манчестер Јунајтед истекува на крајот од сезоната и не се очекува да го обнови, со што ќе заврши неговиот шестгодишен престој на „Олд Трафорд“.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, сака повторно да го врати Погба во Торино.

„Бјанконерите“ размислуваат да му понудат плата од 7,5 милиони евра по сезона, исто колку и на Душан Влаховиќ, плус дополнителни бонуси со кои сумата може да достигне до 10 милиони евра по сезона.