Елиф Елмас имаше одлично попладне во дресот на својот Наполи, кој што на домашен терен славеше со 4:1 над екипата на Салернитана. Елмас најпрво асистираше за водство и гол на Жезус, а потоа и „одработи“ пенал за својот тим кој го реализираше Мертенс.

Во второто полувреме Рахмани зголеми на 3:1, а Инсиње од пенал повторно, ги постави конечните 4:1.

Во другите мечеви, Специја ја победи Сампдорија со 1:0, а Торино и Сасуоло одиграа 1:1 во меч во кој гостите се спасија од пораз во последните секунди.