Екипата на Интер Мајами и натаму не може да смета на повредениот аргентински ас Лионел Меси, но утринава успеа да обезбеди следна фаза во таканаречниот Лигс куп.
Составот од Флорида го победи Торонто со 4:3 во натпревар на кој и двете екипи не се прославија многу со играта во одбрана, но на крајот Интер Мајами постигна еден гол повеќе и ќе го очекува следниот противник на турнирот на кој играат екипи од САД и Мексико.
Она што посебно може да се истакне од средбата се рекордните четири асистенции на поранешниот ас на Барса, Жорди Алба, кој доби заслужени овации бидејќи асистираше за сите четири погодоци на својата екипа.
Не само што тоа е индивидуален рекорд за Алба, туку е и рекорд во Лигс купот, а и ретко кој фудбалер може да се пофали со ваков ефект во некое професионално натпреварување.
https://twitter.com/i/status/1821728388647616533