Англиската Премиер лига денеска го објави распоредот за натпреварувачката сезона 2022/23.

Според правилата, во рамките на најсилното светско првенство ќе се одиграат 380 натпревари, почнувајќи од петок, на 5 август, кога Кристал Палас и Арсенал ја отвораат сезоната на „Селхрст парк“.

Следниот ден Фулам ќе ја има најтешката можна задача во форма на Ливерпул, но на својот стадион. Еден од двата меча кои го носат статусот на дербито во првото коло се игра в сабота од 18.30 часот на „Гудисон“ каде Евертон ќе му гостува на Челзи. Следниот се игра ден подоцна во Лондон – Вест Хем го пречекува Манчестер Сити. Истиот ден Манчестер Јунајтед ќе му гостува на Брајтон.

Но, поголемите дербија почнуваат од второто коло. Не очекува меч меѓу Тотенхем и Челзи, додека третиот натпреварувачки викенд е резервиран за најголемата пресметка во Англија – Јунајтед го чека Ливерпул.

Натпреварот кој со години привлекува најголемо внимание е помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити. За новата сезона тој дуел е закажан за в сабота на 18 октомври на „Енфилд“.

Kомплетниот распоред на натпреварите од Премиер лигата може да го погледнете тука :

https://www.premierleague.com/news/2646764