Додека Ливерпул на Јирген Клоп со недели се вртеше околу Орелиен Чуамени, Пари Сен Жермен со Килијан Мбапе влезе во битката во подоцнежните фази од неговите преговори со Реал Мадрид, а потоа сè се забрза.
Познатиот француски напаѓач неуспешно се обиде да го привлече поранешниот играч од средниот ред на Монако во ПСЖ додека играа заедно за репрезентацијата на „триколорите“.
Чуамени секогаш изгледаше дека знае што прави, што новата ѕвезда на Реал Мадрид го докажа, одбивајќи ја поканата на Мбапе да му се придружи во Париз.
ПСЖ во обид да состави конкурентен тим и да му го отежни животот на шпанскиот ривал. на одличниот играч за врска му понуди дури 12 милиони евра по сезона, што е значително над сумата што „кралевите“ ја ставија на масата на играчот за следните шест сезони.
Извештаите велат дека заработката на Чуамени ќе биде помеѓу шест и седум милиони евра по сезона, што е приближно половина од она што го понуди ПСЖ.
Чуамени (23) ги ставил амбициите над парите. Како дете не бил навивач на Реал Мадрид, но јасно ставил до знаење дека спортскиот предизвик има предност пред финансиските мотиви, пренесува „Марка“.