Извонредниот напаѓач Александар Исак е главна цел на премиерлигашот Арсенал за летниот преоден рок. Се шпекулира дека би можел да понуди дури 150 милиони евра за неговиот потпис. Според англиските медиуми, клубот од Лондон се откажал од обидот да го доведе 25-годишниот напаѓач на Њукасл во јануари, но останува силно заинтересиран за него за следната сезона.

Арсенал мора да внимава на правилата на Премиер – лигата за профит и одржливост, па планира да го намали буџетот со тоа што ќе дозволи истекување на договорот на Томас Парти. Исто така, се разгледува продажба на Олександер Зинченко и Габриел Жесус за да се ослободат средства за потенцијалниот трансфер.

Њукасл би барал рекордна сума за Исак, со можност трансферот да го надмине досегашниот најскап во англискиот фудбал – ангажманот на Енцо Фернандез во Челси за 120 милиони евра во 2023 година.