Бојан Миовски постигна гол и имаше и асистенција за неговиот Абердин во дуелот од Конферециската Лига со солунски ПАОК, но на негова жал, и покрај водството од 2-0, неговиот тим со неверојатен пресврт загуби со 2-3.
Тоа што дополнително го одбележа дуелот е прославата на голот, кога Миовски истрча кај гостинските навивачи, им порача да молчат и им го покажа знакот за Обединета Македонија.
Миовски го отвори резултатот во 50.минута, а осум минути подоцна и асистираше до Полвара за водство од 2-0. Но, ПАОК постигна три гола до крајот преку Десподов, Виериња и Шваб и стигна до триумф.