Норвежанецот е нов играч на Арсенал, објави Скај Спортс.

Реал ќе добие 35 милиони евра за 22-годишниот Норвежанец, плус можни бонуси. Одегард веќе е во Лондон на медицински прегледи, а потоа ќе потпише договор со англискиот клуб. Доколку Арсенал успее да го регистрира Одегард во петок, тогаш ќе има право да игра в недела на дербито против Челзи.