Тони Крос изјави дека заминувањето на Лионел Меси во ПСЖ може да биде добро за Реал Мадрид, бидејќи е можно играч од францускиот великан да дојде на „Сантијаго Бернабеу“.

Меси замина во ПСЖ откако не можеше да го продолжи договорот со Барселона, а веќе долго време се шират гласини дека Килијан Мбапе би можел да се пресели во Реал Мадрид, бидејќи влезе во последната година од договорот со францускиот клуб.

Крос смета дека заминувањето на Меси може да биде добро за Реал од неколку причини. Иако не го изговори името на Мбапе, сосема е јасно дека мислеше на него.

“Веројатно има нешто добро во тоа заминување, бидејќи нашиот најголем ривал го загуби најдобриот играч. А можеби и повеќе добри работи ќе се случат. Можеби ќе дојде некој од Париз “, рече Крос и смеејќи се додаде : “Ако тоа се случи, не знам, тогаш овој трансфер на Меси нема да биде недостаток за нас”.