Тоа ќе биде Серхи Бархуан, тренерот на Б тимот на каталонскиот клуб, кој привремено го презема раководството на првиот тим.
„Серги Бархуан, актуелниот тренер на Барса Б, ќе преземе привремена одговорност за техничкото раководство на првиот тим. Трансферот на клупата на првиот тим ќе заврши кога клубот ќе потпише договор со новиот тренер по отказот на Роналдо Куман. “, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.
Бархуан на тој начин ќе го замени Холанѓанецот кој доби отказ во средата навечер по серијата лоши резултати. Барселона синоќа беше поразена на гостувањето кај Рајо Ваљекано со 0-1 и тоа беше четврти пораз во последните шест натпревари.