Црвена звезда пред од 30 години се искачи на „фудбалскиот врв на светот“ убедливо совладувајќи го Чилеанскиот Коло Коло. Сепак, има приказни кои дури сега излегуваат на виделина, а се случија непосредно пред тој познат натпревар во Токио.
Имено, тогашниот голман на Црвена звезда, Звонко Милојевиќ, за прв пат откри што се случувало пред финалниот натпревар од Интерконтиненталниот куп во Токио.
– Дејан Савиќевиќ побара од тренерот Владица Поповиќ на голот да застане Јегуља (Драгоје Лековиќ), а не јас. Тој одговори „Дејо, ти си ѕвезда на овој тим, но јас сум тренер и јас одлучувам кој ќе биде во тимот“. Тогаш Дејо му одговори на тренерот дека доколку Лековиќ не биде на голот, намерно ќе направи прекршок за исклучување. Тој тоа и го направи – рече Милојевиќ.
На голот на црвено-белите беше Звонко Милојевиќ. Црвена звезда победи убедливо, освојувајќи ја неофицијалната титула клупски светски шампион и покрај очигледната саботажа и неспортски потег на познатиот „генијалец“.
Претходно истата година црвено-белите го постигнаа најголемиот успех во историјата на југословенскиот фудбал, кога со триумфот по пенал-рулетот во Бари против Марсеј ја освоија титулата европски првак.