Италијанската скијачка Федерика Брињоне победи на трката од Светскиот куп, супервелеслалом што се одржа во Сент Мориц , Швајцарија .
Брињоне најголема конкуренција имаше во нејзината сонародничка Елена Куртони, која на крајот имаше само 11 стотинки послабо време од победничката. Инаку, заедно со Куртони, само Американката Микаела Шифрин се доближи на Брињоне со помалку од половина секунда заостанување. Шифрин заврши трета со минус од 43 стотинки.
Четвртото место го освои Новозеланѓанката Алис Робинсон, а одличниот ден за италијанските скијачки го заокружи шестата Гоџа, осмата Басино и деветтата Марсаљи.
Американката Шифрин е лидер во Светскиот куп со 525 бодови. На второ место е Гоџија со 435, додека трета е Петра Влхова со 340.
Во рангирањето на супервелеслалом најдобра е Италијанката Гоџа (220 поени) пред Гут-Бехрами (180) и неделната славеничка Брињоне (177).
Резултати (супер велеслалом):
1. Федерика Брињоне (Ита) 57,81
2.Елена Куртони (Ита) +0,11
3. Микаела Шифрин (САД) +0,43
4.Алис Робинсон (Нзл) +0,52
5. Рамона Зибенхофер (Аут) +0,74