Фудбалерите на Баерн Минхен го добија дербито кај Фрајбург (4:1), но натпреварот го одбележа збунетост при замените во низа , при што Баварците одиграа десет секунди со 12 играчи во поле.
Инцидентот се случи во 86. минута кога требаше да излезат Корентин Толисо и Кингсли Коман, а влегоа Марсел Сабицер и Никлас Суле. Но, четвртиот судија покажа погрешен број за Коман и францускиот крилен играч заигра уште неколку секунди пред грешката да биде забележана.
„Четвртиот судија покажа погрешен број“, рече тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.
“Коман не знаеше дека треба да излезе. Беа осум или девет секунди, мислам дека игравме така. Тоа не беше грешка што го реши натпреварот, но сепак е малку чудно. Нормално е навивачите да разговараат за тоа . Знам кој е виновен, но нема да го именувам и да ви направам услуга. Среќен сум што победивме“.
За среќа на Баерн, тренерот на Фрајбург, Кристијан Штрајх, изјави дека неговиот тим не планира да се жали.
„Очекувам дека нема потреба да се жалиме за ништо. Ги почитуваме овие правила и тоа е сè што ќе кажам за тоа.
Победата на Баерн му донесе девет бода предност на врвот на табелата, на шест натпревари пред крајот.