Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте во средата потврди дека осум играчи на Тотенхем и пет членови на стручниот штаб на клубот се позитивни на коронавирусот.
Во вторникот беше познато дека во клубот има неколку случаи на инфекција. Веднаш почнаа шпекулациите за претстојните натпревари за Тотенхем.
Конте потврди дека се заразени дури осум играчи, како и пет членови на стручниот штаб.
„Би-би-си“ пренесува дека ќе се разгледува што ќе се случи со натпреварот против Брајтон в недела.
„Секој ден имаме се повеќе позитивни. Сите сме малку исплашени, сите имаме семејства. Моето прашање е зошто треба да се најдеме во таква ризична ситуација“ , рече Конте .
„Денес е невозможно да се зборува за фудбал. Оваа ситуација многу ме вознемири бидејќи е многу сериозна, имаме голема инфекција“ , додаде Италијанецот.
„Се подготвуваме за натпреварот со Рен, но навистина ни е тешко. Сето ова ме вознемирува. Тука сум да зборувам за фудбалот, за моите играчи, за атмосферата што сакам да ја видам утре. Наместо тоа, седиме овде и разговараме за Ковид“ , додаде тој на крајот, напоменувајќи дека медицинскиот персонал се грижи за сè, како и за тоа кој е вакциниран, а кој не.