Вардар против еден од директните конкуренти за место во нокаут-фазата од ЛШ ќе мора да одигра најдобро што знае и да слави ако сака да избегне дополнителен притисок во останатите натпревари.
„Црвено-црните“ ќе напаѓаат во најсилен состав од 20.45 часот во Хрватска, додека ППД Загреб ќе ги пречека без Чаба Лејметер и Филип Ивиќ.
Вардар се наоѓа на шестата позиција со пет бода по девет одиграни меча, односно еден повеќе од седмиот Загреб и два повеќе од Мешков Брест.