Во првиот од двата планирани дуели, избраниците на селекторот Раде Стојановиќ ги прегазија врсниците од Турција со 34-19. Разликата во квалитет беше видлива уште во првиот дел, кој заврши со 18-11 за Македонија.
Петковски беше најдобар стрелец со шест голови, по четири гола дадоа браќата Узунчеви и Тотиќ.