РФМ приреди вистински ракометен спектакл во СЦ „Борис Трајковски“.
На едно место ги собра оние кои ја градеа ракометна Македонија и оние кои допрва треба да покажат дека местото им е меѓу најдобрите. РФМ им оддаде почит на иконите на македонската репрезентација, кои играа против актуелните репрезентативци кои ќе ги бранат боите на СП кое ќе се одржи во Краков.
Шоуто кулминираше и со музичка забава за која беа задолжени познати ѕвезди, а шоуто го водеше Сашко Коцев.
Мечот на крајот заврши со победа на Македонија која ги совлада Ветераните на Македонија со 25-21, на полувремето беше 12-12.